Фудбалерот на Работнички и младински репрезентативец на Македонија, Матеј Ангелов, својата кариера ќе ја продолжи во најквалитетната украинска лига, во екипата на Черкаси.
За 20-годишниот Ангелов ова ќе биде прв интернационален предизвик во кариерата откако освен за Работнички, во Македонија настапуваше и за младинските категории на штипската Брегалница. Ангелов во Черкаси следната сезона ќе настапува како позајмен, а дури потоа Украинците ќе го откупат од Работнички.
Според „Трансфермаркет“, вредноста на Матеј Ангелов е 200.000 евра, а очекувањата се дека токму таа сума и ќе ја добие Работнички, но следното лето. Екипата на Черкаси минатата сезона заврши на седмата позиција во Премиер лигата на Украина и беше блиску до обезбедување пласман во европските фудбалски купови.