Младинското Светско првенство во ракомет 2027 ќе се игра во Скопје!

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување.

На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на Светското првенство за ракометари до 21 година кое ќе се одржи во периодот од 23 јуни до 4 јули 2027 година.

„На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари од целиот свет, а нашиот главен град идното лето ќе биде во фокусот на светската ракометна сцена.

Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.

Воедно изразуваме благодарност до Меѓународната ракометна федерација (IHF) за укажаната доверба и можноста Македонија повторно да биде организатор на едно вакво значајно светско натпреварување“, објавија од РФМ.

- Оглас -

Најнови вести