Младинците на Победа водеа на полувреме, но на крајот загубија во Северна Ирска

Младите фудбалери на Победа од Прилеп загубија со 3:2 на гостувањето во Северна Ирска од врсниците на тимот на Колераин. Ова беше прв меч од УЕФА младинската лига за фудбалери до 19 години.

Прилепчани може да жалат за поразот затоа што на полувреме имаа водство од 2:1. Колераин прв даде гол, и тоа само по пет минути игра преку Патон, но тоа не ги разниша младите фудбалери на Победа.

Прилепчани имаа фуриозен финиш на првиот дел кога Филип Тодороски прво израмни на 1:1 во 42-рата минута, а во 45+1 минута Тодороски уште еднаш ја зтресе мрежата на домаќините. Победа водеше со 2:1 на полувреме, но македонскиот тим не издржа до крајот.

Колераин израмни на 2:2 во 52-рата минута преку Кембел, а само седум минути подоцна нова радост за домаќините донесе Ватон, па на крајот тимот од Северна Ирска победи со 3:2.

- Оглас -

Најнови вести