Младинците на Работнички го освоија Купот на Македонија во оваа категорија откако во финалето со 3:1 беа подобри од врсниците на Шкендија.
Уште во првото полувреме, младинците на скопскиот тим поведоа со 2:0, а во второто полувреме Романтичарите погодија и по третпат за убедлива предност.
До крајот на дуелот, Шкендија успеа да постигне почесен погодок, но тоа беше премалку да се спасат од пораз. За Шкендија ова денеска беше втор пораз во финален меч од Купот на Македонија, откако претходно кадетите на Вардар ги победија врсниците од тетовскиот тим.