Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години, го доби и вториот контролен натпревар против Швајцарија со убедливи 70:49. Дуелот кој се одигра во салата „Кале“ заврши со сличен резултат како и вчерашниот пријателски меч меѓу двете селекции со 77:59.
Големата предност нашите кошаркари ја остварија уште во првата четвртина која ја добија со 29:12, а потоа во втората четвртина дозволија само шест поени на противникот.
Швајцарците ја добија третата делница со 13:18, но сепак гостите беа далеку од позитивниот резултат кој Македонија го осигура во последниот период со 16:13.