Младинците речиси цела четвртина не постигнаа кош и убедливо загубија од Турција

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години го доживеа и вториот пораз на Европското првенство во Гдиња, Полска. Откако вчера доживеаја вистински дебакл од Шпанија и загубија со 93-38, денес подобар противник беше селекцијата на Турција која славеше со 90-55.

Сепак, и покрај убедливиот пораз, Македонија беше рамноправен противник речиси едно полувреме, односно се до резултат 38-38 на 1 минута и 22 секунди до полувремето. До крајот на втората четвртина Турција со серија од 4-0 дојде до водство на полувремето од 42-38, а вистинскиот дебакл за нашите младинци следуваше во третиот период. Турција направи серија од 18-0 за 8,5 минути за високи 60-38, а нашите младинци не успеваа никако да постигнат поени. Единствените поени во третата четвртина ги постигна Теодор Симиќ и од слободни фрлања на 1,5 минути до крајот на периодот кој заврши со 22-2 за турците.

Последната четвртина беше само формалност, бидејќи победникот веќе беше познат. Тома Стојаноски со 12 поени беше најефикасен во нашата репрезентација, додека вториот кошаркар со двоцифрен ефект во редовите на Македонија беше Никола Бојчев со 10 поени.

Групната фаза за нашите младинци завршува утре со дуел против Белгија во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести