Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година е пред најголемиот предизвик во квалификациите за пласман на Европското првенство 2027, бидејќи во Битола гостува најквалитетната селекција во нашата група, Полска.
Полските репрезентативци имаат пет победи на досегашните пет меча со фантастична гол-разлика од 17 дадени и само еден примен гол, додека нашите фудбалери на петте натпревари, славеа само над Ерменија на домашен терен.
За квалитетот на Полска доволно говори и фактот дека победија со 0-6 на гостувањето кај Шведска, селекција која пред само пет дена победи во Битола со убедливи 1-4.
Јасно е дека Полска е голем фаворит со квота за победа од 1.30 во понудата на Sport Life, но затоа изненадувачка победа на Македонија има квота од 9.25.


