26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Младинците со убедлива победа над Косово заверија пласман на ЕП во Црна Гора!

Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години забележа убедлива победа од 33-24 над Косово и обезбеди пласман на Европското првенство во Црна Гора.

Нашите млади ракометари завршија на втората позиција во групата позади Швајцарија од која го доживеавме единствениот пораз, а пред Словачка и Косово против кои забележавме победи.

На дуелот против Косово немаше дилеми. Македонија од самиот старт наметна темпо и имаше постојано водство. Теодор Пецаноски со осум погодоци беше најефикасен во нашите редови, додека Јован Петрески постигна шест.

Европското првенство за играчи до 18 години се игра летово во Црна Гора, а нашата репрезентација третпат во историјата ќе учествува на континентален собир во оваа категорија, после учествата во Израел во 1994-тата и Полска во 2024-тата година.

- Оглас -

Најнови вести