Младинците со убедлива победа против САД до пласман на 25-тото место на СП

Младинската ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на Светското првенство во Полска на 25-тата позиција во конечното рангирање. Нашите млади ракометари забележаа и трета победа по ред, откако со убедливи 47-28 славеа над врсниците од САД во мечот за пласман на 25-тото место.

Резултатот сам кажува дека местото на нашата репрезентација не беше за во вакво ракометно друштво, но трите порази во првиот круг, а потоа и изненадувачкиот од Мароко нѐ донесоа во разигрување со селекции кои се далеку од нашиот квалитет.

Победникот на мечот против САД беше решен уште во првото полувреме, кое им припадна на нашите ракометари со 24-13, а предноста постојано растеше и во вториот дел се до конечните +19 за Македонија.

- Оглас -

Најнови вести