Машката младинска репрезентација ги заврши подготовките во Маврово и веќе замина на пат кон Полска, каде што ќе се одржува Светското ракометно првенство за играчи до 21 година.
Селекцијата предводена од селекторот Радослав Стојановиќ е ослабена со неиграњето на повредените Дамјан Митев и Самоил Ристовски, но останатите ракометари се максимално подготвени.
Нашата репрезентација најпрво во Варшава ќе одигра контролни дуели против селекциите на Саудиска Арабија и Јапонија, а потоа се сели во Катовице, каде што се играат натпреварите од нашата група на Светското првенство.
Македонија е дел од групата „Ф“, во која за противници ќе ги имаме Фарски Острови, Романија и Исланд.