Финското кошаркарско чудо, 18-годишниот Мика Муринен е во преговори со белградски Партизан, тврди грчки медиум.
Муринен неодамна им ги скина нервите на Србите, шокирајќи ги со својата блескава игра во осминафииналето на Евробаскетот, а имаше и конфликт со Стеван Јовиќ.
Иако беше резерва, Муринен беше еден од најзаслужните што Финска дојде до полуфинале, а се истакна со атрактивни забивања и дрскост, за некои дури и ароганција. Освен од Партизан, интерес за него има и од врвни колеџ тимови во американската НЦАА лига. Планот му беше да оди на универзитет, а од таму во летото 2027 година во НБА, но трансфер во Партизан може да му ја однесе кариерата во друг правец.
Муринен веќе почна да го следи Партизан на Инстаграм и тоа долева масло на оганот дека навистина може да замине во белградските Црно-бели.