Фудбалерот на Барселона, Ансу Фати, заработи повреда на коленото на последниот тренинг, соопшти клубот.
Фати заработил повреда на левото колено, но засега не е познато колку ќе отсуствува од терените.
Ова претставува проблем за тренерот Чави Ернандес бидејќи не може да смета на повредените Осман Дембеле и Педри, а пред екипа се тешки натпревари во Ла Лига и во шпанскиот Кралски куп.
Каталонскиот тим в недела и гостува на Алмерија, а потоа во четврток игра го игра првиот полуфинален дуел во кралскиот Куп против Реал Мадрид.
Последниот настап на Фати беше вчера во реванш натпреварот од плеј-офот во Лигата на Европа против Манчестер јунајтед кој го доби премиерлигашот со 2:1. На дуелот на „Олд трафорд“, Фати успеа да го налути Роберт Левандовски бидејќи во последните моменти од средбата „му симна“ една топка на Полјакот. Имено, Фати скокна пред Левандовски кој имаше подобра позиција, но неговиот удар со глава беше непрецизен и Барселона на крајот загуби што значеше испаѓање од Лигата на Европа.
Aquí Ansu Fati (el nuevo Messi) quitándole a Lewandowski el gol del empate. pic.twitter.com/htijcKReZW
— Pudri (@Pudri_8) February 23, 2023
Левандовски по натпреварот му порачал на Фати да избере подобар начин да ги „излечи фрустрациите“ поради слабата минутажа и голгетерскиот пост.