Младиот тим на Работнички ќе ја претставува Македонија во младинската Лига на шампиони

Младинскиот тим на Работнички испиша златна страница во историјата на клубот, освојувајќи ја шампионската титула во македонскиот младински шампионат. Со тоа, за првпат ќе се натпреварува во квалификациите за младинската Лига на шампиони на УЕФА — елитната сцена на европскиот младински фудбал.

По 22 натпревари, генерацијата предводена од тренерот Томислав Франц заврши на врвот со 51 освоен бод, запишувајќи 16 победи, три ремија и само три порази. Завршниот потег до титулата го направија овој викенд, кога на домашен терен ја совладаа Брегалница Штип со 2-1, благодарение на погодоците на Бектеши и Подграѓа.

Работнички не само што ќе го претставува клубот и Македонија во младинската ЛШ, туку влегува со состав кој навистина ветува. Во тимот ќе можат да настапат и неколку млади првотимци кои веќе се докажуваат во сениорската конкуренција, како Димитар Данев, Никола Манојлов, Јован Бошнаков и Алмир Подграѓа – но и уште многу талентирани играчи кои се дел од академијата на клубот.

Македонија веќе има историја во ова натпреварување, со Шкендија, Вардар, Победа и Брера Струмица како претходни учесници, а оваа генерација на Романтичарите можеби има реален потенцијал и да направи чекор повеќе.

- Оглас -

Најнови вести