Младите американски ракометарки на возраст до 20 години се посрамотија на вториот меч на Мундијалот што го одиграа денеска во Целје, Словенија и загубија со 5:46 од Унгарија.
Репрезентативките на САД како буквално да се залутани на Светското првенство во спорт во кој немаат никаква традиција и за 60 минути постигнаа само пет гола, или во просек на секоја 12-та минута некако успеваа да ја затресат мрежата на Унгарките.
Во првиот дел дадоа два гола, во вториот трипати беа прецизни, а ривалките кои имаат огромно реноме во светот на ракометот и ја бранат светската круна во Словенија им ја полнеа мрежата и на крајот ги поразија со 41 гола разлика.
Во првите две кола Американките примија вкупно 83 гола, а повеќе од нив прими само Индија, точно 88 во конкуренција на 32 репрезентации кои играат на Светското првенство во Словенија.