Младите Англичани и Французи ги предводат Квотите на денот, најмалиот коефициент за петте предлози е 2.20 (Фото)

Петте предложени натпревари во Квотите на денот во Sport Life сите имаат квоти над 2.00 и ако се одиграат сите заедно на еден тикет, прават вкупен коефициент 75.93.

Првиот предлог е бразилскиот шампионат меѓу Коринтијанс и Брагантино и тука предлогот е да се одигра на голови. Квота од 2.25 се добива ако одиграте дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Репрезентациите на Англија и Португалија играат во дерби пресметката на четвртфиналето од Европското првенство до 21 година. Англичаните се фаворити не само на овој натпревар, туку и за освојување на титулата и предлогот на Sport Life е тие да не загубат, а двете селекции да постигнат гол. Квотата за оваа игра изнесува 2.30.

Најголемата квота е од мечот од норвешкиот шампионат меѓу Бодо/Глимт и Молде и изнесува 2.90. Оваа квота се добива ако се одигра дека ќе има најмалку два гола во првото полувреме и најмалку четири гола на целиот натпревар.

Во последното четвртфинале на ЕП до 21 година играат Франција и Украина. Триколорите се фаворити за титулата и таа улога ја имаат и вечерва против Украина. Квота од 2.30 се добива за играта Франција да даде барем еден гол во првото полувреме и барем два гола на целиот натпревар.

Последниот предлог има најмала квота и е од боливискиот лига куп меѓу Гуабира и Стронгест. За играта Х2&ГГ квотата изнесува 2.20.

- Оглас -

Најнови вести