12.8 C
Skopje
понеделник, 5 јануари 2026

Младите Англичани по голема борба ја освоија европската круна

Селекцијата на Англија ја освои круната на Европското првенство за фудбалери до 21 година откако во финалето во Братислава ја совлада Германија со 3-2 по продолженија. Во неверојатно интересен меч и 120 минути, беа постигнати вкупно пет погодоци. Англичаните ја одбранија европската круна.

Англија поведе во петтата минута со голот на Харви Елиот, а Омари Хачинсон зголеми на 2-0 дваесет минути подоцна.

Но, Германците не се предадоа лесно. Нелсон Вејпер намали на истекот од првото полувреме, а израмнувањето го донесе Паул Небел во 61-та минута.

Мечот отиде во продолженија, а финалето го реши Џонатан Роув со погодокот во 92-та минута од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести