Младите Французи мора да ја победат Полска, и тоа што поубедливо

3545 Куресаре – Тамека (17.00 часот)

Ова е меч од естонската фудбалска лига, и тоа помеѓу два тима кои се борат за опстанок и моментно се претпоследна и трета позиција од долу на табелата со по 13 бода од 16 меча. Особено во криза е домашниот тим, кој врза четири порази по ред во претходните четири кола. Тамека има две победи во последните три кола и малку се одлепи од дното. Тоа е тим кој е малку поефикасен од Куресаре, но и прима малку повеќе голови од нив. Во април, кога Тамека беше домаќин, тој тим победи со 1-0. Куресаре дома во 2023 последен пат славеше над Тамека, последните три меча во Куресаре им завршуваа нерешено.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.40)

 

6202 Франција У21 – Полска У21 (18.00)

Кај овој пар единицата делува неизбежна. На Французите им треба да победат за да влезат во четвртфиналето на ЕП за играчи до 21 година, а Полска нема никакви шанси откако ги загуби првите два меча со вкупна гол-разлика 1-7. Франција прво одигра 0-0 со Португалија, па во драматичен меч ја совлада Грузија со 3-2 иако губеше до 88-мата минута. На триколорите им треба што поубедлива победа за да го бркаат првото место во групата, но тешко дека може да испукаат петарда во мрежата на Полска како што тоа го направија Португалците.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.70)

 

6708 Флуминенсе – Б. Дортмунд (18.00 часот)

Овие два тима се фаворити за првите две места во групата на Светското клупско во која се и тимови од Јужна Африка и Кореја, па можеби ќе се задоволат и со реми. Три од последните четири дуели на екипи од Европа и Јужна Америка завршуваа без победник по 90 минути игра. Најпознато име во Флуминенсе е Тијаго Силва, а нападот им го предводи Колумбиецот Џон Аријас. Популарниот Флу во 2023 го освои Копа Либертадорес. Мала предност за Бразилците може да биде што нивната лига е во тек и тие се во натпреварувачки ритам, Борусија точно пред еден месец го одигра својот последен меч.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.85)

 

6726 Шпанија У21 – Италија У21 (21.00 часот)

Двата тима собраа по 6 бода во првите две кола и вечерва треба да одлучат кој ќе биде прв, а кој втор во нивната група на младинското ЕП. Шпанците победуваа во мечеви на кои примаат гол(ови), а Италија уште нема примен гол, двата меча ги добија со по 1-0. Шпанците покажаа дека се најопасни во финишот, од петте гола кои ги постигнаа досега, три беа по 84-тата минута. Од друга страна, Италија головите ги даваше во прво полувреме, во второ уште се без погодок.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.97)

 

6709 Ривер плејт – Урава (21.00 часот)

Аргентинскиот гигант мора да слави против Јапонците ако сака да биде прв или втор во групата на СКП, во која се и Интер Милано и мексикански Монтереј. Во редовите на Ривер главна ѕвезда е мегаталентот Франко Мастантуоно, кој од август се сели во Реал Мадрид. Урава има состав со претежно јапонски играчи, а странците им се Бразилци и од скандинавските земји, додека тренерот им е од Полска. Во моментов Урава е на четврто место во јапонската лига.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести