17.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Младите Французи на чело со Камавинга доаѓаат во Скопје

Младата фудбалска репрезентација на Франција за играчи до 21 година во комплетен состав ќе допатува во Скопје, за дуелот против Македонија од квалификациите за ЕП 2023. Селекторот Силвен Рипол го објави списокот на играчи и таму се наоѓа и првата ѕвезда на оваа генерација, Едуардо Камавинга од Реал Мадрид. Ќе дојде и голманот Мелие, кој му беше клупски клега на Алиоски во Лидс.

Младите Французи дома славеа против Македонија со 3-0. Мечот на арената „Тодор Проески“ во Скопје се игра на 16 ноември, откако пет дена претходно екипата на селекторот Драги Канатларовски ќе ја пречека и Украина.

- Оглас -

Најнови вести