Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година по триумфот (1-2) над Полска, денеска ќе има уште еден тест во овој мини циклус на пријателски натпревари. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски од 17 часот во Коњиц ќе ги одмерат силите со селекцијата на Босна и Херцеговина.
Доброто издание од претходниот меч со Полјаците ќе треба да се потврди и на денешниот меч против Босанците. Самодовербата кај младите фудбалери сега е зголемена и тоа треба да биде еден важен фактор во пресрет на новиот тест.
Селекторот Канатларовски ќе го нема на располагање фудбалерот од средниот ред Иван Николов, но затоа шанса за докажување ќе добијат некои други фудбалери и треба да ја искористат.
По триумфот над Полска на гости, македонските фудбалери дефинитивно би можеле да стигнат до победа и против БиХ, а коефициентот е одличен (3.35).