Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја победи селекцијата на Финска по подобро изведување пенали во вториот меч на турнирот во Анталија.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски по поразот во првото коло од Летонија со 3:0, денеска славеа со 5:4 во пенал рулетот, откако во регуларниот дел беше 1:1.
Македонија го отвори резултатот во 32-та минута преку Марио Илиевски кој беше сигурен реализатор на пеналот.
Финците до израмнување дојдоа во второто полувреме, а Македонија имаше неколку шанси да постигне уште еден гол и да слави во регуларните 90 минути, но не ги реализира.
Во пенал рулетот, херој беше голманот Марко Алчевски кој одбрани два пенали на финските фудбалери ѝ и донесе победа на Македонија од 5:4.
Наредниот противник на Македонија ќе биде селекцијата на Словачка, а натпреварот ќе се игра на 28. март.