Младата репрезентација на Македонија денеска од 18 часот во Риед ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Австрија.
Младите фудбалери во саботата загубија од Грузија со 0:1 во квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2025 година ќе се игра во Словачка.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски се наоѓаат во серија од три порази по ред, а вечерва за противник имаат тим кој во саботата приреди големо изненадување и во квалификациите за ЕП 2025 ја совлада Франција со 2:1.
Квотите се на страната на Австријците, кои со победата над Франција се вратија во игра за освојување на едно од првите две места во нивната квалификациска група Х.