Фудбалската репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години одигра нерешено, 2-2, на првиот контролен натпревар против Словачка во Дунајска Стреда.
Селекцијата предводена од Димитар Капинковски имаше водство од 2-1 на полувремето со головите на Мухамед Мустафи во 26-тата и на Флори Илази во 44-тата минута, откако претходно домашните поведоа со голот на Филип Рајчан во 22-рата минута.
Конечните 2-2 ги постави Новак Марош во 56-тата минута, а Максим Матеаш не реализира пенал за победа на Словачка со 65-тата минута.
Вториот натпревар помеѓу селекциите до 18 години на Словачка и Македонија се игра во четврток во почеток во 11 часот.