16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Македонија У19 двапати ќе спарингува со Грузија во Скопје

Младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години кон средината на месецов ќе ја претпоследната акција пред квалификациите за Европското првенство кои ќе се одржат во октомври.

На квалификацискиот турнир Македонија ќе биде во група со домаќинот Полска, Германија и Казахстан.

Селекторот Тони Јакимоски уште еднаш ќе има шанса да ги види на дело, барем дел, од репрезентативците и потенцијалот кој го поседуваат.

– “Овие натпревари со Грузија ни се закажани од поодамна и двапати беа одложувани. Сега се погоди да се поклопи со почетокот на првенството во првата и втората лига, а голем дел од репрезентативците настапуваат за првите екипи. Со оглед на тоа дека првиот натпревар го играме во сабота, нема да ги имаме на располагање играчите кои настапуваат за второлигашките екипи, но за дуелот во понеделник правиме напор да бидеме засилени и со овие играчи. Проблем ќе биде и доаѓањето на интернационалците, бидејќи имаат натпревари со клубовите во кои настапуваат. Ова е претпоследна акција пред квалификациите во октомври, а главните подготовки за турнирот во Полска ќе ги имаме во септември кога ќе ги имам сите играчи на располагање.“ – изјави Тони Јакимоски, селектор на репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години.

Репрезентациите на Македонија и Грузија за фудбалери до 19 години пријателските натпревари ќе ги одиграат на 12-ти и 14-ти август на терените на Тренинг центарот на ФФМ. Двата натпревари се со почеток во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести