21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Младите фудбалерки со победа го отворија квалификацискиот турнир во Хрватска

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години со победа го отвори квалификацискиот турнир, кој се одржува во Хрватска. Нашите млади фудбалерки на стадионот во Лучко славеа со минимални 1-0 над врсничките од Литванија.

Единствениот гол на мечот всушност беше автогол на Сапаите во 92-рата минута. Следниот меч за Македонија на турнирот во Хрватска ќе биде во петок, кога за противник ќе ја имаме селекцијата на Ерменија, која беше поразена од домаќинот, Хрватска, со 6-0.

Мечот кој најверојатно ќе одлучува за првото место во групата и пласман во Елитната рунда, против Хрватска, на програмата е во понеделник, со почеток во 12:30 часот на стадионот во Карловац.

- Оглас -

Најнови вести