Младите играат натпревар против Фараните кој ништо не значи, но би било добро да се победи

Младата фудбалска репрезентација на Македонија денеска на арената „Тодор Проевски“ од 18 часот ќе се соочи со Фарски Острови. Иако момците на Драган Канатларовски речиси и да немаат никакви шанси за пласман на Европското првенство идната година, би било убаво да се добие оваа средба.

Македонија во моментов во групата „Х“ има шест бода и е на делба на четврттото место со оваа островска земја, додека пред нас се Србија (8), Украина (13) и Франција која што има 19 бода.

Вклучувајќи го и денешниот, Македонија има три средби кои што треба да ги одигра до крајот на групната фаза и речиси невозможно е да се обезбеди второто место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести