Младите македонски кошаркари до 18 години доживеаја убедлив пораз (137-62) од Литванија на премиерниот меч од Европското првенство – А дивизија, кое се одржува во Белград. Избраниците на селекторот Горан Андреевски немаа никакви шанси против разиграните Литванци.
Литванија ја доби првата четвртина со 33-15, а на полувреме веќе имаше предност од 28 поени разлика. До крајот, предноста само растеше.
Никола Јаничиќ беше единствен кој прикажа солидна партија, постигнувајќи 21 поен.