Вчера во Швајцарија започна Светското кошаркарско првенство за играчи до 19 години, но веќе на вториот ден од натпреварувањето голем проблем за ФИБА и тоа не спортски, туку политички.
Во групата „Ц“ се репрезентациите на домаќинот Швајцарија, потоа Израел, Јордан и Доминиканската Република. Откако вчера се одиграа натпреварите од првото коло, денес не се одигра дуелот помеѓу Израел и Јордан, поради бојкот на Јорданците.
Кошаркарите на Јордан одбија да играат против Израел, бидејќи како што велат, вршат геноцид врз Палестинците во Газа.
Од Кошаркарскиот сојуз на Израел го осудија однесувањето на нивните противници на Светското првенство, а ФИБА експресно реагираше и го регистрираше мечот со службени 20-0 за Израел, а Јордан не го добива бодот кој им следува за поразот.