28.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Младите кошаркари во финалето ќе имаат можност да се реваншираат за единствениот пораз кој го доживеаја на ЕП

Кошаркарската репрезентација на Македонија со 20 години на Европското првенство Б-дивизија кое се игра во Скопје, во финалето ќе играат против врсниците од Чешка.

Вечерва во второто полуфинале, Чешка со убедливи 94:74 ја совлада Шведска и заедно со Македонија обезбеди виза за А-дивизијата.

Интересно е што последниот натпревар на избраниците на селекторот Никола Василев, ќе го играат против селекцијата со која играа на самиот старт од првенството.

Во првото коло од групната фаза, Македонија го доживеа единствениот пораз досега на ЕП, од Чешка со 75:80.

 

- Оглас -

Најнови вести