18.8 C
Skopje
вторник, 14 октомври 2025

Младите македонски фудбалери со рекордна победа до пласман во Елитната рунда

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години забележа рекордна победа од 9-0 над врсниците од Гибралтар на квалификацискиот турнир во Струмица и обезбеди пласман во Елитната рунда, односно во „А“ лигата и ќе се бори за пласман на Европското првенство.

Триумфот од 9-0 е рекорден за селекцијата до 17 години и ја надминува победата од 6-0 над Андора во 2021 година на турнирот во Ирска.

Македонија беше во борба за второто место против Чешка, селекција против која претходно игравме нерешено (2-2), па ни требаше што е можно поубедлива победа, но и пораз на Чесите во мечот против Унгарија.

И токму тоа се случи. Македонија победи со 9-0, а Чешка немаше милост кон Унгарија и славеше со убедливи 7-1.

Васко Папалиски постигна хет-трик, Мартин Џангаровски беше стрелец на два погодоци, а по еднаш во листата со стрелците се запишаа Бленди Љачка, Грегоријан Михајловски, Филип Цветковски и Ердин Мамути.

- Оглас -

Најнови вести