Младата ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 20 години избори настап на уште едно големо натпреварување.
Македонија ќе игра на Светското првенство за ракометари до 21 што следната година ќе се одржи во Полска, благодарение на остварениот пласман на тековното М20 ЕХФ ЕВРО.
Домаќинот на Светското првенство, селекцијата на Полска, обезбеди пласман во групата од 9. до 16. место, а со оглед дека Европа на следниот мундијал ќе добие 16 места, пласман ќе обезбедат сите 15 преостанати репрезентации од овој шампионат. Меѓу нив се наоѓаат и четирите селекции кои имаат загарантиран пласман.