Младите на Шкендија по патот на сениорите губат без да дадат гол во ЛШ (Видео)

Младите фудбалери на Шкендија беа поразени дома со 2:0 од врсниците на Хајдук, во првиот меч од плејофот за пласман во младинската Лига на шампиони. Тетовчани примија по еден гол во двете полувремиња, а во двата случаи прецизен за гостите беше Филип Чуиќ.

Посебно атрактивен беше вториот гол на Чуиќ, кој успеа да го лобува голманот на Шкендија.

Македонскиот првак сезонава имаше очаен настап во Европа. Сениорите одиграа четири меча на меѓународна сцена и загубија во сите четири средби, и тоа без да дадат ниту еден гол. Прво, во квалификациите од Лигата на шампионите беа поразени од Мура со 5:0 и 1:0, а потоа добија лекција и од Рига во Конференциската лига, кога беше 2:0 и 1:0 за летонскиот тим.

Сега и младинците на Шкендија загубија во Европа, и тоа без да дадат гол. Младинскиот тим на Хајдук е дебитант во ЛШ, а за Шкендија останува надеж дека може да направи чудо на реваншот во Сплит.

 

- Оглас -

Најнови вести