6787 Италија У20 – Ј. Кореја У20 (23 ч.)
Ова е втор полуфинален натпревар на Светското првенство до 20 години. Аѕурите играат одлично на младинскиот Мундијал, кој се одржува во Аргентина, и по поразот од Нигерија во групната фаза славеа над Бразил, Англија, Колумбија. Јужна Кореја во четвртфиналето беше подобра од големиот фаворит за триумф, Нигерија, која ја совлада по продолжението.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)
2706 СЈК – ВПС (17:15 ч.)
СЈК во последното коло одигра без голови против Хелсинки и ја прекина серијата од пет победи по ред во финскиот шампионат, а денеска има одлична шанса да се врати на победичките патеки. СЈК има одиграно три натпревари помалку од лидерот на табелата КуПС, но има само четири бода помалку и со евентуален триумф ќе дојде само на еден бод негатива. Противник на СЈК е последнопласираниот ВПС, кој на девет меча има само една победа и дури пет порази.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+ II (2.50)
1901 А. Лустенау – А. Виена (17 ч.)
Ова е прв натпревар од плејофот за пласман во квалфикациите во Лигата на конференции. Австрија Виена како подобропласирана екипа на табелата обезбеди директен пласман во финалето на плејофот, додека Австрија Лустенау во полуфиналето беше подобра од Волфсбергер (2:1). Годинава овие два тима веќе одиграа еден натпревар и Австрија Лустенау славеше на домашен терен со 1:0.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.50)
1312 Алавес – Еибар (21 ч.)
Алавес и Еибар вечерва ќе го дадат вториот финалист во разигрувањето за влез во Ла Лига. Првиот меч заврши без победник 1:1, но Алавес ја има традицијата како своја предност. Алавес славеше на последните три меѓусебни дуели на домашен терен, а последниот пораз пред своите гледачи од Еибар го доживеал во 2017 година.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.93)
1631 Спарта – Твенте (20 ч.)
Ова е прв натпревар од финалето на разигрувањето за пласман во Лигата на конференции. Твенте сезоната ја заврши на петтото место, додека Спарта беше веднаш зад него и во полуфиналето успешно ги мина препреките во Херенвен и Утрехт. Годинава Твенте и Спарта одиграа еден натпревар и постигнаа дури шест гола (3:3), а головите се задолжителни на нивните меѓусебни натпревари.
Предлог тип: ГГ 3+ (2.17)