Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година го победи Гибралтар со 1-0 во квалификациите за Европско првенство.
Со новите три бода, тимот на селекторот Драган Канатларовски се изедначи со Молдавија, а имаме и еден меч помалку од Молдавците кои загубија од аутсајдерот Гибралтар.
Стрелец на голот беше Луан Абази (фудбалер на Сент Гален) во 52-рата минута, со што беше прекинат постот од 262 минути без постигнат гол.
Следниот меч за У-21 селекцијата на Македонија е на 26 март, дома против Шведска, која ја победивме на гости на стартот од квалификациите.