Македонските фудбалски надежи денеска од 15 часот ќе одат на втора победа против фенерџијата Фарски острови во шестата квалификациска група за настап на Европското првенство за играчи до 21 година.
Во премиерниот меч од нашата група го победивме истиот ривал со 7:1, но денеска задачата ќе биде потешка. Фарските острови се домаќини во Торшавн и треба да внимаваме, бидејќи во единственото гостување досега во меч од оваа возрасна категорија одигравме 1:1 со Фарските острови во 2012 исто така во циклус за настап на ЕП.
Сепак фаворитот се знае, тоа е Македонија, а коефициентот за победа на гостите во Sport Life е 1.45. По пет одиграни мечеви Македонија има 7 бода, колку што имаат и Казахстан од шест меча и Црна Гора со 7 одиграни натпревари.
Пред нас е лидерот Шпанија со 16 бодови освоени на шест меча и Израел со 8 бода од пет натпревари. Првопласираната селекција од секоја група и петте најдоброрангирани второпласирани селекции од деветте групи ќе играат на ЕП.
Мечот меѓу Фарските острови и Македонија можете да го следите на овој ЛИНК.