Младите одлично се држат против Франција

Со дисциплинирана игра, репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 21 година има 0-0 по првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во Скопје против фаворизираната Франција, која е прва во групата од квалификациите за ЕП и пред неколку дена ја разби Ерменија со 7-0.

Камавинга и другарите имаат поголем посед на топката, создадоа неколку шанси, но немаа доминација каква што веројатно очекуваа. Екипата на селекторот Канатларовски добро се брани и чека кикс на противниците.

Во финишот на првото полувреме им се заканивме на Триколорите, но голманот Мелие реагираше одлично и го спречи Илиевски да постигне гол.

- Оглас -

Најнови вести