Ракометарите на Еурофарм Пелистер до 18 години кои се пласираа меѓу четирите најдобри во Европа и во средината на јуни во Келн ќе играат на младинскиот фајнал-фор во Лигата на шампионите во нивната возрасна категорија, после големиот успех кој го направија во Букурешт, се вратија дома и добија бројни честитки за добредојде.
Младите пелистерци беа пречекани пред салата „Боро Чурлески“ од играчите и стручниот штаб на првиот тим на Е. Пелистер, од градоначаникот на Битола, Тони Коњановски, како и од навивачи и нивните најблиски роднини кои ги поздравија со заслужени аплаузи.