27.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Младите против Црна Гора за потврда на второто место во групата

Фудбалската репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година под водство на селекторот Благоја Милевски денеска со почеток во 13.30 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2022, за потврда на втората позиција на табелата во групата 6.

За жал, настапот на Европското првенство во Унгарија и Словенија е недостижен, македонската репрезентација е најслаба според бодовите кои ги имаат второпласираните во деветте групи, но денеска против репрезентацијата на Црна Гора, Црвено-жолтите одат на победа за позитивен крај на циклусот.

УЕФА ги укина баражите за второпласираните екипи, па нашите надежи мораа да бидат меѓу петте најдобри втори во деветте групи, но тоа не е случај. Двата порази од Шпанија, од кои едниот несреќен дома, и двете ремија со Израел ја спречија нашата селекција да биде меѓу петте најдобри второпласирани кои ќе играат на младинското ЕП.

Во октомври минатата година, со два гола на Јани Атанасов, Македонија ја совлада Црна Гора, па и попладнево тимот на селекторот Милевски ќе има улога на фаворит. Во обложувалниците Sport Life квотата за победа на нашите таленти е 1.65.

- Оглас -

Најнови вести