Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на Европско првество до 20 години го заврши со пласман на деветтото место, по пристигнувањето во Скопје беше на прием кај министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и до РФМ.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, упати голема благодарност за севкупниот учинок на ова првенство на ракометните надежи и стручниот штаб, потенцирајќи дека приоритетите на РФМ ќе останат со истиот фокус, системско работење со сите младински репрезентативни категории за достојно претставување на македонскиот ракомет и создавање идни македонски ракометни репрезентативци.