9.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Младите ракометари се апсолутни фаворити против Грузија (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години денеска против Грузија од 17.30 часот го игра последниот меч од групата Ф на Светското првенство што се одржува во Хрватска.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, по вчерашната победа над Црна Гора (29:20), со денешна победа над аутсајдерот во групата, повеќе од сигурно е дека ќе обезбедат пласман во главната рунда на СП до 19 години.

Македонија во првото коло загуби тесно од Норвешка со 27:25, додека Грузија доживеа два убедливи порази во првите две кола, од Црна Гора со 34:19 и од Норвешка со 38:24.

Младите ракометари се апсолутни фаворити денеска, квотата за триумф изнесува 1.01, а хендикепот е триумф од 12.5 гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести