Кадетската ракометна репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз во групната фаза на Европското првенство, откако загуби од селекцијата на Полска со 30-26.
Нашите млади ракометари имаа три гола негатива (14-11) по првото полувреме, но не успеа да ја надомести, иако во еден тек од вториот дел се доближи на само еден гол заостанување.
Сепак, Полска повторно се одлепи и стигна до триумф.
Дамјан Митев постигна 12 голови за нашиот национален тим, а Самоил Ристевски беше стрелец на седум погодоци.
Македонија ќе го продолжи настапот со натпреварите за пласман од 17. до 24. позиција.