Женската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години загуби од Црна Гора со 23-26 и заврши на последното место во втората фаза на СП У20 во Скопје. По ова, на нашите млади ракометарки им следи разигрување за место од 13. до 16. позиција на Мундијалот.
Македонските ракометарки почнаа одлично и на стартот имаа водство од 5-0. Сепак, Црногорките полека фатија приклучок и на полувреме се замина со предност од два гола (12-10) за нашиот национален тим.
Црна Гора првпат стигна до пресврт и поведе со 13-14, а Македонија попушти во моментите кога се кршеше мечот. Црногорките обезбедија предност од 20-23 и бепе јасно дека на крајот ќе слави противникот.
Најдобар стрелец кај Македонија на овој меч беше Ива Младеновска со осум гола, а Ризоска и Коцева постигнаа по четири гола.
Јелена Вукчевиќ од Црма Гора беше незадржлива и даде 13 гола.