Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година вечерва гостува во Тузи, на меч против соодветната селекција на Црна Гора. Домашните се фаворити според квотите во Sport Life, но Македонија по победата над Ерменија во Битола, сега сака и втора победа по ред, а Црногорците се идеална можност за такво нешто.
Квотата за победа на Македонија во Sport Life е 3.65, а она што е интересно, на шестте досегашни меча против Црна Гора, секогаш сме победувале, па зошто да не биде така и вечерва од 18 часот.
На шесте досегашни меѓусебни натпревари, Македонија само еднаш победи со два гола разлика, а останатите пет меча завршуваа со наши победи од по еден гол. Вкупната гол-разлика на овие шест натпревари е девет дадени гола и само два примени, секако, во корист на Македонија.