Младите се комплетираа, оптимизам пред гостувањето кај Израел (Фото)

Во сенка на сениорите, кои в четврток во Тбилиси ќе играат финале за пласман на ЕП, младата репрезентација за играчи до 21 година речиси истовремено (во четврток од 18.30 часот) во Израел игра свое „финале“. Избраниците на Благоја Милевски мора да победат ако сакаат да си ги задржат теоретските шанси за пласман на младинското ЕП.

Денеска на терените на Фудбалската федерација на Македонија, У-21 тимот тренираше под будното око на стручниот штаб. За денеска беше најавено комплетирање, со приклучување на интернационалците кои вчера беа отсутни.

„Како селектор не ми е доволно само да се излезе и да се игра добро, без резултат. Да, битна е играта, но ако ни донесе резултат, е добредојдена. Ако одиграме како на другите мечеви, освен на тој дома со Израел, сигурен сум дека победата ќе дојде. На претходниот меч одигравме слабо, од нас зависи како ќе изгледаме на теренот, не зависи од Израел“, изјави селекторот Милевски.

Фото: ФФМ Петр Стојановски

- Оглас -

Најнови вести