15.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Младите Шпанци ќе ги отпишат Грците од битка за медал

3533 Нафтан – Неман (17.30 часот)

На овој меч од белоруското првенство, фаворити се гостите кои се втори на табелата и ако победат, би се изедначиле по број на бодови со лидерот Динамо Минск. Неман има само 8 бода, но победија во минатото коло, и тоа против БАТЕ Борисов. Тие се тим кој на 13 средби дал само 7 гола (во минатото коло постигнаа два), а Неман ја има најдобрата одбрана само со седум примени гола на 13 меча. Последниот меѓусебен дуел им беше во февруари, Неман го доби со 4-0, но тоа беше пријателски меч со многу измени и не мора ништо да значи.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.93)

 

3545 Паиде – Флора (18.00 часот)

Флора Талин се бори за титула во Естонија, прва е на табелата по 19 кола, има 14 победи и убедливо најефикасен напад во лигата со 47 голови. Паиде има просек од помалку од еден даден и примен гол по меч, а тие се експерти за нерешени мечеви. Од 19 меча сезонава, имаа дури девет ремија. Во последните четири кола, трипати играа нерешено. Минатиот месец овие два тима се сретнаа во Талин и немаше голови. Но, во Паиде, последните три дуели им завршуваа со победа на Флора и 3+ голови.

Предлог тип: 2 & 2-5 (1.99)

 

6715 Грција У19 – Шпанија У19 (18.00 часот)

На овој дуел од јуниорското Европско првенство кое се игра на Малта, Шпанците се големи фаворити на хартија. Во првото коло Шпанија го победи Исланд со 2-1, а Грците загубија од Норвешка со луди 4-5 откако Норвежаните водеа со 5-0 по првото полувреме. Шпанија со победа ќе обезбеди полуфинале, Грците и реми ги остава со теоретски шанси за борба за медал. Грција во оваа возрасна категорија никогаш не победила против Шпанија.

Предлог тип: 2+ второ (1.71)

 

2501 Хам Кам – Алесундс (19.00 часот)

Ова е таканаречено дерби на дното бидејќи еден против друг ќе играат најслабите тимови во норвешката прва лига. Хам Кам и Алесундс имаат само по 7 бода по 12 одиграни кола. Алесундс е со најлош напад, а Хам Кам со најслаба одбрана во лигата. Хам Кам има четири порази по ред, а Алесундс со триумфот над Розенборг во минатото коло прекина низа од три порази. Ова се тимови кои имаат само по едно реми во 12 кола, но двата меѓусебни дуели во минатата сезона им завршуваа со најнепопуларниот резултат 0-0.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.20)

 

1276 Дрогеда – Шемрок роверс (20.45 часот)

Шемрок е водечки тим во ирската лига, но игра променливо во последно време, во последните три кола имаше победа, пораз и реми. И Дрогеда освои четири бода во последните три кола, а тие се тим кој се бори за опстанок. Последните три гостувања на Шемрок кај Дрогеда, две во првенството и едно во Купот, по 90 минути завршуваа со истиот резултат 1-1, а секогаш гостите поведува, па домашните изедначуваа.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.70)

- Оглас -

Најнови вести