Репрезентациите на Македонија и Косово за фудбалери до 21 година денеска на стадионот „Фадиљ Вокри” во Приштина одиграа 0-0 во првиот од двата контролни натпревари.
Македонскиот тим предводен од селекторот Горан Станиќ на 31 мај, на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, со почеток во 15 часот ќе има нова прилика да одигра пријателски меч со Косово.