Младите Срби нѐ декласираа, Македонија треба да се загрижи за фудбалската иднина

Македонија треба да се загрижи за фудбалската иднина по денешниот пораз од Србија со 0:5 во Скопје во пријателски меч на играчи до 17 години.

Гостите беа убедливи и многу подобри, па „петардата“ иако пече, таа е реален одраз на силите. По предноста на гостите од 1:0 по првиот дел, следуваше серија на младите српски надежи од четири гола во вториот дел за заслужена и висока победа.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски беа инфериорни во однос на многу подобриот ривал и не успеаја да ја поворат претставата од првото коло на турнирот, кога го победивме Кипар со 2:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести