7.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Младите торпедирани од Шведска

Прекрасниот гол на Дашмир Елези со кој Македонија поведе со 1-0 против Шведска не беше доволен за да се избегне пораз во мечот од петтото коло од квалификациите за ЕП за фудбалери до 21 година.

Швеѓаните со два брзи гола на Оморова во 32-рата и во 33-тата минута направија пресврт, а потоа во второто полувреме на средбата во Битола дадоа уште два гола и на крајот славеа со убедливи 4-1.

Македонија има само три бода од пет меча, следниот меч е на 18-ти против Полска, од која на гости загубивме 0-3, пораз кој заедно со денешниот се најубедливи за тимот на Горан Станиќ во циклусов.

- Оглас -

Најнови вести