Младите „црвено-бели“ фудбалери покажаа квалитет и го растурија Милан на гости

Младите фудбалери на Црвена ѕвезда ја забележаа првата победа во младинската Лига на шампиони, откако го победија гигантот Милан на гостински терен со 1-3. „Црвено-белите“ фудбалери до сега имаа само две нерешени и три порази, но и покрај победата се уште се далеку од шанса да ја минат групната фаза, иако сега си ги зголемија шансите.

Василије Костов во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме ја донесе Црвена ѕвезда во водство од 0-1, а Шљивиќ во 58-мата минута од пенал зголеми на 0-2. Убедливи 0-3 донесе Јовановиќ во 64-тата минута, а Манчопи во 85-тата минута само го постигна почесниот погодок за Милан.

- Оглас -

Најнови вести