Американците и тоа како добро знаат да направат бизнис од спортот, а најдобар доказ за тоа е списокот на специјални гости за дуелот помеѓу Лос Анџелес и Интер Мајами.
Голем број познати актери, пејачи, но и НБА-кошаркари се најдоа на трибините на БМО стадионот во Лос Анџелес.
За издвојување, секако, се кошаркарите Леброн Џејмс и Џејмс Харден, но и Леонардо ди Каприо, Селена Гомес…
Сепак, се чини дека Лионел Меси беше иницијалната каписла за популарноста на фудбалот во САД, а слично како во Лос Анџелес е и на другите стадиони каде што играат Интер Мајами и најдобриот светски фудбалер.