Хрватскиот ММА борец Зоран Ѓоѓ (31), толку многу го сака спортот кој го практикува, што на борба ќе се појави со тешка повреда, без дел од малиот прст на раката. Зоран живее во село во близина на Бјеловар, а во понеделникот, работел на своето поле и берел пченка, при што остана без дел од прстот.
„Сакав да ја одглавам машината за берење, и таа се повлече и ми откина дел од малиот прст. Го викнав брат ми да дојде по мене, а во меѓувреме го замотав прстот и ја одработев бербата до крај. Во болница ми ја исчистија раната и ја извадија коската“ – вели Зоран кој е познат по прекарот Трактор.
Ѓоѓ вели дека оваа повреда не е ништо во споредба со повредите кои ги имал во текот на кариерата, и дека повеќе го боли кога прима удари во текот на борбите, отколку кога останал без дел од прстот.
Наредната борба на Зоран му е закажана за 19 октомври во Србија, против Тархан Ибрагимов, познат како Хулк.
„Тоа се слободни борби. Има и џиу џитсу, борење, бокс, удари со нозе. После Србија, имам борба на 26 октомври, па на 2 ноември. Заработката зависи од резултатите“ – завршува Зоран.